Исповед на ќерката на Ѓорѓе Балашевиќ – се спасив со љубовта од родителите!


Јелена Беба Балашевиќ (34) за првпат зборува како успеала да прооди откако го скршила вратот по тешката сообраќајка и како се изборила со малтретирањето од човекот во кој била вљубена.

– Бев одземена од брадата до стапалата. Лекарите велеа дека има само 1% шанса пак да застанам на нозе – вели Јелена.

Таа претрпе тешка сообраќајка пред 17 години во која беше единствената повредена во автомобилот ко се превртел.jelena-balasevic

– Ќе напишам книга која ќе излезе наесен. Тоа ќе биде исповед на жена која се борела и победила и ќе служи како поддршка и показател дека и најдолгите тунели некогаш се завршуваат!

По сообраќајката во зимата 1998 година лекарите и рекле дека пациенти со такви повреди на рбетниот столб и вратот никогаш не се опоравуваат.

– На осми март ќе одиш со мене дома. Ќе станеш – ми велеше мајка ми, а лекарите тоа го сметаа за неодговорно. Но се случи чудо. На 8 март 1999 јас застанав на нозе, врискавме со мајка ми од среќа.Не можеше да помогне скапа операција и лек. Од родителите го добив тоа што најмногу ми требаше – неограничена количина на љубов – вели Јелена.

Таа зборува и за вториот предизвик во животот – малтретирањето од саканата личност.

– Почна со стискање на рака, туркање во ѕид, навреди, а потоа плачење и извинување. Решив да заминам дури кога ми удри шлаканица.

– Ми е срам од помислата дека родителите никогаш не ме осудувале и не ме удриле. Мојот татко даде се од себе да не сочува од хаосот на овој свет а јас потоа дозволив некој да ме малтретира. Насилството нема оправдување и насилникот нема никогаш да се промени.Верувајте дека има многу љубов на светот и дека и вас, како и мене, не чека правиот маж, кому никогаш не би му паднало на ум да крева рака на жена – вели Јелена.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1