Холивудската актерка Кетлин Тарнер (60) дваесет години се бореше со ревматичниот артритис, по што и се промени личниот опис.
Кетлин била цела отечена од лекови и операции. Таа денес болката ја држи под контрола, благодарение на како што открива таа на влошките направени од бакар.
Во своите најдобри денови еднаш актерката изјавила:„Кога навистина се чувствувам добро во својата кожа и кога ќе влезам во соба полна со мажи, оној кој нема да ме одмери од глава до петици, тој е геј“.
Ревматичниот артиритис е хронично воспаление на зглобовите кое е многу болно и доведува до отеченост. Обично се зафатени рацете, нозете и зглобовите. Се проценува дека во Велика Британија од оваа болест боледуваат 646.000 луѓе. Како и другите автоимуни болести, ревматичниот артиритис повеќе ги напаѓа жените отколку мажите.
Актерката почнала да се бори со болеста кога нејзината ќерка имала пет години, а денес има 26 години. Тогаш се мислело дека лицето и е надуено од алкохол.
– Од лековите се дувате како балон – објаснува Кетлин која, мислејќи дека себе си си ги олеснува болките, почнала да консумира и алкохол. Меѓутоа по некое време сфатила дека алкохолот дополнително и ја уништува кариерата. Ги промени лековите и почна да вежба, но таа сака да зборува и за необичниот лек за кој тврди дека многу и помогнал, а тоа се влошките за чевли направени од бакар, кои чинат 30 долари.
– Ми ги препорача мојата колешка Морин Липман. По три недели носење на влошките, забележав голема разлика. Можев само да одам и тоа без болки – изјавила Кетлин.
Инаку бакарот со векови се користи во алтернативната медицина. Се претпоставува дека бакарот се апсорбира преку кожата, и наскоро се подготвува опсежно испитување. Многу пациенти носат бакарни нараквици или прстени за да ги ублажат болките иако не постои вистински доказ дека делуваат.