Исповед на Марина: Побегнав од дома затоа што се заљубив во Ром!


Не им се јавував на моите родителите, затоа што тие не го сакаат Видан бидејќи е ром. Пред два дена полицијата ја пронајде Марина Стојановиќ (17) откако на 19 август беше пријавена како исчезната. Таа како што изјавила, побегнала поради недозволена љубов.

-Не им се јавував на моите родители затоа што не го сакаат Видан бидејќи е ром, објаснила Марина.

marinaТаа сега е кај својата баба но, како што потенцирала ќе се врати кај својот дечко Видан Ш. (19) штом ќе и’ биде укажана прилика за тоа, дури и по цена нејзините родители да се откажат од неа.

Марина објаснила дека се запознала со Видан 20 дена пред да одлучат дека сакаат да почнат да живеат заедно, односно пред да побегне од дома.

Ме дочекаа како снаа

-Најпрво се допишувавме преку Фејсбук, а потоа почнавме да се слушаме на телефон и одма сфативме дека сме создадени еден за друг. Побегнав од дома минатиот вторник. Се најдовме кај Белграѓанка и заминавме кај него. Таму ме дочекаа како снаа и одма почнав да ја средувам куќата. Ми рекоа дека варам најубаво кафе, објаснувала возбудено.

Марина рекла дека го исклучила телефонот бидејќи нејзините родители не го поднесувале Видан.

marina-vidovan

-По три дена дознав дека почнале да ме бараат но не сакав да им се јавам затоа што не сакав да се вратам дома, раскажувала таа за Курир.рс и додала дека неколку дена откако се преселила кај Видан нему му починал постариот брат.

Видан тогаш започнал физичка пресметка со член на семејството и бил избркан од дома.

-Заминавме кај неговата тетка во стан кој беше во целосен хаос, но ние го средивме, Полицијата не најде во понеделникот на улица. Ги молевме да не не’ разделуваат и заедно да ни врзат лисици. Ние не можеме да живееме еден без друг, изјавила Марина додавајќи дека кога побегнала се напила една таблета за смирување но дека не земала дрога.

-Видан порано бил наркоман, но веќе четири години е чист, истакнала таа.

Таткото Игор: Ја дрогирале!

Таткото на Марина, Игор и нејзината баба Љиља се убедени дека Видан манипулира со Марина и со нејзините чувства како а воедно и дека ја дрогирале.

-Кога ја видов во полициската станица имше огромни подочњаци. Очите и беа црвени а облеката и смрдеше. Мене ми се обрати со овие зборови: Те мразам и не сакам да се вратам дома. Сигурен сум дека ја дрогирале, изјавил таткото и’ и додал дека ќе ја однесат на лекар.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1