Исповед на машка проститутка: „Будалите ми плаќаат и по 400 евра за добар секс!”


„Во Хамбург, Хановер и Келн сега веќе имам постојани муштерии на кои им го најавувам доаѓањето. Моето момче знае со што се занимавам таму, а сумата на пари кои ги носам ја затвора секоја расправија за тоа дали тоа е во ред или не. Активните ескорт момци се подобро платени од пасивните. Постојат луѓе кои се подготвени за секс да платат и 400 евра“, објаснува Филип додавајќи дека не се чувствува како жртва.

Фризерот Филип од Белград има 31 година, висок е 182 центиметри, темнокос е и згоден. Тој е горд на својата 2-годишна врска со Милош, правник во една мултинационална компанија, а според сопственото раскажување, веќе четири години, оди еднаш или два пати годишно во Германија, каде што за еден месец ги заработува своите дванаесет плати од фризерскиот салон.mazi telo Таму, се подразбира, не шиша, туку се занимава со проституција, пренесува српски Телеграф. На Филип не му било непријатно да зборува за својата „сезонска“ работа, која обично ја врши околу католичкиот Божиќ и Нова година.

„Во Хамбург, Хановер и Келн сега веќе имам постојани муштерии на кои им го најавувам доаѓањето. Моето момче знае со што се занимавам таму, а сумата на пари кои ги носам ја затвора секоја расправија за тоа дали тоа е во ред или не. Активните ескорт момци се подобро платени од пасивните. Постојат луѓе кои се подготвени за секс да платат и 400 евра“, објаснува Филип додавајќи дека не се чувствува како жртва или искористена личност приморана да го продава своето тело. Луѓето кои се подготвени толку да платат за секс, тој ги смета за будали. Слично верување делат повеќето мажи кои се занимаваат со проституција.

За мажите, занимавањето со проституција не е толку страшно како за жените. Многу е полошо ако мажот не е во состојба да заработи доволно за семејството. Мажите речиси воопшто не се сметаат за жртви на сексуална експлоатација.

Високиот полициски инспектор Саша Силјаноски од Одделението за јавен ред и мир во Министерството за внатрешни работи во Белград, раскажал дека во текот на неговата кариера не наишол на случаи на машка проституција. Исклучок биле трансвеститите и трансексуалците, мажи кои се проституираат како жени. Многу интересен податок е тоа што кога во тек на акција на терен ќе ги приведат овие проститутки и нивните муштерии, клиентите секогаш биле многу изненадени дека всушност за малку ќе плателе за секс со маж. Да се верува дека тоа изненадување е секогаш искрено, во најмала рака е наивно.

Сања Каиќ од Центарот за заштита на жртви од трговија со луѓе рекла дека треба да се разликува принудната проституција од доброволната, иако доброволноста по мислењето на експертите е под знак прашалник, дури и кога проститутката (тој или таа) е потполно уверена во тоа, пренесува српски Телеграф.

Луѓето кои се занимаваат со проституција главно се од чувствителни социјални групи и сиромашни средини, што ги прави пригодни за манипулација и со самото тоа – за сексуална експлоатација. Постојат и мажи кои се занимаваат со проституција затоа што тоа ги возбудува, но главно, други се причините кои стојат позади одлуката да се продава сопственото тело.

Она што се Тајланд и Амстердам за мажите желни за авантура во квартовите со црвени фенери, тоа е Јамајка за несреќните средовечни дами со разнишана самодоверба од развод. Веќе на аеродром ги дочекуваат згодни, шармантни момчиња кои се „заљубуваат“ во нив на прв поглед. После сексот, обично им ја изложуваат својата незавидна финансиска ситуација и бараат пари. Насмеаните госпоѓи плаќаат без приговор.

Основниот проблем кој во текот на историјата го имала оваа гранка на проституција, го реши вијаграта. Сината пилула значително им ја олесни работата на момците кои за пари убедуваат ситуирани дами кои одамна не се во цутот на младоста, дека навистина им се допаѓаат. Ерекцијата, која некогаш многу прецизно покажувала дали некој лаже, денес престанува да биде вистинометар на слаткоречивите изјави на љубов кои се наплаќаат.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1