Исповед на скопјанец кој пред 7 месеци дознал дека има СИДА


28 годишно момче од Скопје пред 7 месеци на здраствен преглед на кои морал да оди поради рабоното место дознал дека има СИДА. Се заразил при незаштитен сексуален однос. Тој за Утрински весник ја раскажува својата голгота со лекарите, како и стравот дека ќе биде отфрлен кога ќе се дознае за болеста.

Ви пренесуваме дел од неговта исповед.

Лицата инфицирани со ХИВ-вирусот мора да водат двоен живот. Вака ја почнува својата исповед 28-годишно момче кое пред седум месеци дознало дека се заразило со ХИВ-инфекција.

„Најмногу ме повреди односот на докторка, која иако би требала да биде обучена и свесна за начинот на пренесување на ХИВ-инфекцијата, не ми дозволуваше да влезам во нејзината ординација. Дури и не сакаше да се ракува со мене, ниту, пак, да ми објасни како мојот статус ќе влијае на мојот понатамошен живот

Тој морал дури да го смени и матичниот лекар за да може да се лекува.„Максимално се трудам да прикријам од што боледувам, што ми претставува искрено голем проблем,  раскажува ова момче вработено во јавната администрација, кое дури и времето за земање терапија го приспособува да биде кога не е на работното место.

„Моите колеги и претпоставени не знаат за мојата состојба. Мислам дека во блиска иднина не би ни кажал дека сум ХИВ-заразен поради тоа што ги знам нивните ставови за позитивните ХИВ-лица“, раскажува ова момче, кое верува дека засега неговите колеги не ни насетуваат за неговиот здравствен статус.

За среќа, неговото семејство и пријатели го прифатиле и од нив добива огромна морална поддршка.

Извор – Утрински весник

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1