Се прави најдеталната 3Д мапа на земјата


Два радарски стателити кружат околу Земјата заедно и во тандем ја набљудуваат нејзината површина. Мисијата е до тој степен успешна што е номинирана за „награда за иднината“.

Сателитите TeraSar-X и TanDem-X кружат околу змјата 15 пати на ден во посебна формација. Се наоѓаат на висина од петстотини километри, но се одвоени еден од друг само неколку стотина метри, и испраќаат радарски импулси на ист дел од Земјината површина. Снимањето од два агли ја даваат сликата во три димензии.
И двата сателити веќе две години собираат информации, без оглед дали е темно или светло, дали е ведро или облачно. До 2014 година ќе ја мапира земјата на начин, како што никој не ни може да замисли.

Податоците за површината на земјата во три димензии може да се користат за големи градежни проекти, навигација, давање на помош на места кој што се погодени од природни катастрофи, како и за бројни други намени. Можат да се истражуваат глечерите, вулканите и други места, кои што се потешко достапни за човекот.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1