Нови фонтани, порти, храмови и 70 скулптури во Градски парк


И градскиот парк ќе се разубавува. Предвидено е за две години со пари од градскиот буџет да се изгради Паркот на цивилизациите каде што странски амбасадори ќе може да донираат скулптури, како и сите придружни елементи како влезни порти и фонтани.

Паркот на цивилизациите е замислен да биде некаде зад ресторанот Уранија. Претходно беше најавено дека Иванов ќе инсистира странските држави да донираат скулптури исклучиво на личности од областа на културата и уметноста, а имаше информации дека ќе се издигнат и национални дејци.

Планирани се и нови детски инсталации, фонтани и влезни порти до Парк на цивилизациите кој ќе содржи од 40 до 70 скулптури. Овој предлог пред советниците ќе се најде на седницата в понеделник кога и се очекува да добие зелено светло, пишува Вечер.

Паркот ќе добие и нови скулптури, фонтани во облик на скулптура, фонтани со динамичен ефект од водени млазови и светлост, чешми, храм-летниковец, реконструкција на тоалети, хортикултурно уредување. Поставувањето на новите содржини ќе биде во централниот дел на паркот

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1