Вработени во аеродром во Париз краделе од багажот, пари и телефони


 

Единаесет вработени на аеродромот во Париз „Roas Sarl de Gol“ биле уапсени од страна на француската полиција откако „фрлиле око“ на багажот на богатите патници кои што патувале на дестинации како Дубаи или Њујорк.

Уапсените работници се на возраст од 22 до 50 годишна возраст. За неколку месеци успеале да украдат вредни работи од багажот кој што се пренесувал на подвижната лента. Меѓу предметите имало телефони, компјутери, облека, накит и други кожни предмети. Парите ги задржувале за себе, а под подвижната лента ги сокривале вредните работи, кои нивните соучесници подоцна ги превземале.

Низ парискиот аеродром „Roas-Sarl de Gol“ од 2011 година досега минале околу 61 милион патници, а се смета за втор по големина во Европа и седми во светот.

Share Button
Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1