Птиците си се олеснуваат врз спомениците – градот ќе набавува нови 80 апарати да ги брка


Претходно набавените 15 апаратчиња за бркање птици не се доволни за да се заштитат спомениците од птиците. Донесена е одлука да се купат уште 80.

Апаратите се со димензии 11 на 11 сантиметри, и се поставуваат на столбовите за улично осветлување, во близина на обележјата. Работат на база на ултразвук, а нивната функција е да ги оневозможат птиците да застануваат на спомениците и да ги валкаат со својот измет.

За новите апарати ќе се плати околу 60.000 евра а ќе ги набавува  „Мак аларм сервис“ од Скопје. Имаат рок од 1 година да ги постават сите 80 апарати.

фото – Дневник

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1