Кој ќе го земе бизнисот со парно? – објавени 3 тендери


Регулаторната комисија за енергетика објави тендер за избор на носител на лиценца за регулиран производител на топлинска енергија, тендер за лиценца за дистрибуција на топлинска енергија и тендер за снабдување на топлинска енергија.

Сите три лиценци се за период од 35 години и во тој период треба да се покријат со парно греење скопските региони и тоа: општините Ѓорче Петров, Карпош, Центар, Кисела Вода, Чаир, Аеродром и Гази Баба, пишува Вечер.

Кандидатите мора да докажат дека имаат капацитети каде се произведува енергијата, континуирано и непрекинато, но и доказ дека компанијата е и финансиски стабилна и добро организирана.

Што се однесува на лиценцата за дистрибуција на топлинска енергија, најмногу поени се добива со поседување на документ со кој може да се докаже сопственоста на системот за дистрибуција на топлинска енергија, договор за концесија за градба на нов систем, или пак, да има под закуп за користење на постоечката дистрибутивната мрежа.
Објавувањето на тендери за бараните лиценци се јавува во период кога актуелната енергетска компанија “Групацијата Топлификација” има финансиски проблеми.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1