Исповед на специјалец кој бил во Куманово: Еве што напишал во писмото до Катица Јанева


Група припадници на специјалните единици на полицијата, кои учествуваа во полициската акција во Куманово на 9 и 10 мај, испратија отворно писмо до специјалната обвинителка Катица Јанева, од која бараат како прв предмет да го разгледа случајот „Дива населба“ – пренесува Ал сат.

Убедени дека станува збор за сценарио, полицајците од Јанева бараат да ја обелодени вистината за тоа кој и како ги испратил во директна смрт осумте нивни колеги.specijalna edinica

Eве што според објавата на ТВ Алсат стои во писмото

Полицајци од специјалните единици:

„ОБВИНИТЕЛКЕ, сведоци сме на една проклето дрска, беспоштедно сурова реалност, каде што оваа ненаситна, лицемерна, лажна и ненародна власт ни ја создаде оваа перверзно болна сегашност. Власт која се дрзна да не жртвува и нас, полицајците, синовите македонски.
Во името на нашата идна соработка како ваша продолжена рака, ХРАБРО И ДОСТОИНСТВЕНО ве замолуваме, случајот „Диво насеље“ да го отворите меѓу првите, ја сакаме и заслужуваме вистината.

Нашите осум браќа, соборци, сеуште не почиваат во мир.

Дајте ни НАРЕДБА, и ќе ви го донесеме и ѓаволот од пеколот со лисици на рацете и ќе го клекнеме пред вас!“

Според текстот пак кој вчера го објави неделникот Фокус, лидерите на уапсената група во Кумановската акција се подготвуваат да ја раскажат историјата за случувањата кои му претходеа на крвопролевањето.

Сепак се уште не е потврдена автентичноста на писмото нити е потврдено дека обвинителката добила такво барање ос група специјалци, Алсат вели дека писмото е отворено, но иако тоа значи дека би требало да е достапно за сите и целокупната јавност писмото никој ниту го видел ниту пак потписите на специјалците кои наводно стојат зад него се објавени со цел да се потврди веродостојност

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1