Исповед на свештеник: Живеев со дух – никогаш нема да се вратам во таа куќа


Во малото село во Загорје – Пољане многумина веруваат дека дух живее во една куќа повеќе од дваесет години. За духот зборува целото локално население, но еден од нив – кој живеел во куќата раскажа од прва рака што се случувало. И тоа не се работи за некој си селанец кој сака слава или туристи – приказната ја раскажа свештеник кој во куќата живеел со семејството кога дошол на служба во парохијата во селото.

duhovi-postoje-zvuk-1337423077-101336Чудни звуци, удирање, немир, тегнење на чаршавот – се само дел од ужасите кој ги минал свештеникот. Преку ден парохиската куќа изгледа распаднато, тивко, во неа никој не живеел веќе осум години. Се наоѓа на ридот и гледа преку зелените поља на селото. Недалеку е црквата Св Ана. Се е спокојно и тивко но само до полноќ.

“Од подрумот на полноќ почнуваат да ссе слушаат тапи удари. Често пати тие беа проследени со гребење на креветот. Најлошо нешто е кога се обидов да се покријам со ќебе, но колку и да влечев силно,  другата страна беше посилна”, се сеќава свештеникот Стипе еден од сведоците на чудните појави. Тој и неговото семејство живееле во оваа куќа десет години.

По војната тој дошол во селото со семејството и ги сместиле во куќата. Сите ме прашуваа како спијам, знаев зошто ме прашуваат ама велев добро, мирно. Стипе и сега живее во селото, и вели никогаш нема да се враќа во стариот дом.

“Кога паѓа ноќта, јас не се осмелувам да одам надвор. И сега се плашам од она што се случува по полноќ”, вели Стипе.

Локалните жители велат дека пред повеќе од сто години во селото пристигнал млад свештеник. Сите го сакале, бил многу добар. Но, по некое време, паднал болен. Според сегашниот свештеник Милан Јураниќ веројатно имал рак, но тогаш тоа не било познато. Неможејќи да издржи се самоубил.

Јураниќ  во селото пристигнал 50 години подоцна. И тој прво бил сместен во куќата и тој ги чул звуците – неговата спална била над третиот подрум.
“По полноќ, ме будеше удар како со чекан. Не можеше да е однадвор – надвор немаше никој, вели свештеникот кој одлучил да ја истражи историјата на куќата. Нашол низ архивите информации за неговиот претходник, неговата болест и самоубиство. Се самоубил во третиот подрум – оној над кого се наоѓала спалната на свештеникот.

По 10 години се  навикнал на ударите. Тој никогаш не се обидел да комуницира со духот на својот претходник или да го истерува.

“Тоа не е практика на Црквата. По таквите вечери јас се молев за починатиот брат на миса”, објаснува свештеникот.

И откако се преселиле ударите продолжиле. житли на селото не му верувале па одлучиле да седнат крај куќата една ноќ. По полноќ, дојде првиот удар, не обрнувавме многу внимание на звукот кој беше како некој да удира во буре. Кога звукот почна да се повторува се почесто, бевме многу исплашени. Иако немаше никој во околина звукот беше се погласен – на крај трчајќи избегавме и повеќе нема да ни текне да одиме по зајдисонце во близина на куќата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1