Си го реновирал таванот – го нашол првиот број на Супермен


Дејвид Гонзалес од гратчето Хофман во Минесота не знаел што има на неговиот таван, се до неодамна кога почнал да ја реновира куќата. Рушејќи ги зидовите видел дека меѓу ѕидовите има куп стари весници како изолација – меѓу нив го открил првиот број на стрипот за Супермен.

supermen_1366303247_670x0_1369425047_670x0На стрипот пишувало издадено од “Екшон комикс” (Action Comis No. 1) од 1938. Тој проверил и навистина излегло дека во раце го има првиот број. Но стрипот на скалата на вредност од 1 до 10 бил проценет само на 1,5 бидејќи се скарал со роднина дали и колку е вреден стрипот и кој ќе ги дели парите. При кавгата Гонзалес земајќи го од рака стрипот на роднината ја искинал последната страница.

Неодамна еден друг стрип, кој исто така беше број еден со Супермен, беше продаден на аукција со оценка девет, а сопственикот заработи 2,1 милиони долари.

Стрипот на Гонзалес сега се наоѓа на аукција и до вчера достигна цена од 127 илјади долари. Гласањето завршува на 11 јуни, кога ќе се знае конечната сума за која ќе биде продаден.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1