ИСПОВЕД НА ВНУКОТ НА СТАЛИН: Путин е велепредавник


Јевгениј Џугашвили, внук на советскиот диктатор Јосиф Висарионович Џугашвили, познат по прекарот Сталин, ја изгубил парницата на Европскиот суд во кој тужел еднен руски весник поради тоа што неговиот дедо го нарекле „крвожеден канибал“.vnuk-stalin

Уште бесен по пресудата Џугашвили дал интервју за Дејли Мејл во кое се обидел да го исчисти името на Сталин, а посебно го нападнал актуелниот руски претседател Владимир Путин за кој рекол дека „не е ни одблиску силен лидер како што се претпоставува“.

– Путин води влада во која има преваранти и измамници! А и тој самиот е глупак без мозок. Вклучувам телевизија и го гледам како јава, ские, игра со тигри… Се обидува да покаже дека е силен. Путин е велепредавник! Ќе кажам и зошто. Тој соработува со Пољаците, тој во деведесетите беше меѓу оние кои ги признаа полските жртви од Катунска шума, кои всушност настрадаа од Германците. Страшно! Единствена добра работа е што никој не го повика на 70-годишнината од ослободувањето на Аушвиц, логорот кој го ослободи Црвената армија. Западот го избриша подот со Путин. И нека, заслужи…

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1