Зошто син ми се разведе?, Како да се смирам со снаата – Прашања на „Ало Докторе“


Синот се развел и бил многу тажен. За ова, загрижената мајка помош побарала на Ало докторе. Како да ја надмине состојбата. Ја советувале да не биде депресивна, бидејќи многу луѓе поминуваат низ вакви тешкотии. Специјалистите во кол центарот подготвени и за вакви одговори.

Освен разводите, имале и повици за имотно правни односи и нерпеливост меѓу снаа и свекрва. Помош барале и млади со сексуални проблеми на кои им е срам да одат на лекар за да не дознаат соседите.alo doktore3

-Најчесто тие се од мали места каде секој со секој се знае, и знаете кога ќе се јават е подруго, ќе го кажат проблемот и ќе им олесни. Ние ги советуваме но секако ги упатуваме и на лекар. јас се претставувам дека сум педијатар и ги слушам сите. Понекогаш е доволно и кога ќе го слушнат советот на телефон, вели др. Нада Симова специјалист во Ало докторе.

И покрај ваквите јавувања, Ало докторе не ја губи основната функција. Неделно регистрираат по 1000 повици од граѓани. Им се јавуваат и Македонци кои живеат во Шведска, Германија и Швајцарија за да слушнат лекарски совет на македонски јазик.

Последните недели со ширењето на грипот, во Ало докторе има зголемен број на јавувања. Граѓаните бараат совети за покачена температура, отежнато дишење и кашлица.

Ало докторе почна да функционира од 15 септември. Совети делат 22 лекари специјалисти. По 4 часа дневно во кол центарот одат и директорите на скопските болници и клиники.

Sitel.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1