ој не ме посакува, новиот маж во мојот живот прави да се чувствувам жива.
Една скопска козметичарка за Вистина.мк отворено проговори дека секој ден слуша потресителни исповеди од своите клиентки. Емоции, неверства, фрустрации и што уште не…
Една од нив ви ја пренесуваме во целост:
– Имам 45 години и секој ден кога ќе застанам пред огледалото минувам со рацете по моето лице, а брчките што ги чувствувам кога ќе поминам со прстите ми изгледаат нереално, како да допирам туѓо лице. Изгледа и нему му е чудно, изгледа не сум повеќе жената во која се заљуби и која ја посака за сопатник до крајот на животот.
Повеќе не ме допира, не ме ни погледнува… Исчезна искрата која ја имавме во првите години од бракот. Мојот сопруг секогаш има поважни обврски од мене, од работата до пиво средбата со пријателите.
Од мојата самодоверба не остана апсолутно ништо, често заспивам расплакана кога ќе ми го сврти грбот иако облечена во тантела иницирам секс. Се чувствувам како негова слугинка, мислам дека за него сум само уште еден предмет во ентериерот на нашиот дом.
Заминав на службено патување, запознав маж, кој не беше ниту поубав, ниту попаметен од мојот сопруг, но ме гледаше со очи полни восхит, ме опсипуваше со комплименти и секој слободен миг сакаше да го мине со мене. Ми беше рамото за плачење, ми беше потребната доза за повторно да се почувствувам како посакувана жена.
Скршена и огорчена од ситуацијата дома завршив со него во кревет. Се чувствував жива поради неговите раце кои не можеа да се наситат од моето тело.
Ме печеше совеста, но и се правдав со фактот што дома не добивам апсолутно ништо. И психички и физички сум игнорирана од страна на мажот кому се ветив до крајот на животот.
Се уште го сакам, но неговото игнорирање ме турна во прегратката на друг маж. Не дека тоа го оправдува ова што го правам, но навистина не можев да продолжам да функционирам толку исфрустрирана и несигурна во себе. Во контакт сум со новиот маж, ме прави жива, не можам да се одречам од тоа чувство….