30-дневен притвор за македонскиот кардилог Борче Петровски во Косово


Македонскиот кардилог Борче Петровски кој утрово беше уапсен во Косово доби 30-дневен притвор. Тој беше уапсен заедно со уште 8 доктори како и вработени во Министерството за здравство, а мерката притвор е одредена за сите уапсени.borce petrovski

Обвинетите се сомничат за учество во криминална група, за давање и примање на поткуп и злоупотреба на службените овластувања. Според обвинението, двете приватните болници „Интермед“ и „ Интернационална болница“ биле бенефицирани, бидејќи иако не бил распишан тенедер, кај нив биле испраќани пациенти за кои трошоците се покривале од буџетот. Биле наплатувани и третмани како што е на пример коронографијата која се извршува и во универзитетската клиника во Приштина.

На информативен разговор биле повикани и министерот за здравство на Косово како и секретарот во министерството.

Според обвинението, некои од групата примале мито од менаџерите на двете приватни клиники за да испраќаат пациенти кај нив.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1