Исповед: Згазив седум луѓе, тоа се ужасни сцени


,,Oстануваат лузни за цел живот, се сеќавате на сликата пред ударот и звукот на ударот. Со ноќи не спиев после тоа,,

Машиновозачот Саша Ранчиќ веќе 27 години работи зад управувачкиот пулт на возовите во „Српски железници“. Тој и како другите негови колеги бил сведок на низа трагични настани на пругата и вели дека ретки се возачите на кои тоа не им се случило.voz masinovozac

-Јас сум имал седум прегазувања. Главно во прашање беа самоубијци, но некогаш до несреќа доаѓа и поради невнимание на луѓето, вели Ранчиќ за Блиц.

За своите непријатни искуства машиновозачите главно разговараат меѓу себе. Тоа е, меѓу другото и начин да си ја олеснат душата, зошто ужасните сцени, колку и да сакаат да ги заборават, остануваат длабоко врежани во нивните сеќавања.

-Првото газење ми се случи далечната девеесет и некоја во Јагодина. Управував со брзиот воз 310 на линијата Софија – Белград. На излегување од станица, некои 200 метри пред мене момче само скокна и легна на шините. Почнав веднаш да кочам, но тогаш одев со брзина од 100 клометри на час. Успеав да смалам на 80 кога го удрив. Возот запре на околу 600-700 метри од него, вели соговорникот за Блиц.voz pruga2

– Беше страшно. Бев исплашен и ми скокна притисокот. Пред мене низ глава одново ми излегуваше целата сцена. Тоа се ужасни работи, посебно кога знаете дека ништо не можете да направите.Научив од постарите колеги дека во тој случај треба да повикам полиција, и ако можам да го избегнам погледот кон настраданиот, зошто тоа останува длабоко во сеќавањето. И така остануваат лузни за цел живот, се сеќавате на сликата пред ударот и звукот на ударот. Со ноќи не спиев после тоа, вели Ранчиќ.

Тој објаснува дека возот не е како автомобил, па не може да се сврти ниту нагло да се запре. Запирањето на возот во нормални околности е од 700 до 1.000 метри додека со нагло кочење, најбрзо може да застане на 500 метри.

-Тие ви истрчуваат на 100 до 150 метри пред вас, застануваат или легнуваат на колосекот. И веднаш знаете за што се работи и дека тоа е крај. Ја вртите главата на другата страна за да не го гледате тоа и почнувате брзо да кочите. Тоа е се што во тие ситуации може да направите, вели тој.

При вакви ситуации машиновозачите реагираат различно. Некои решаваат засекогаш да ја напуштат оваа работа. Тој сепак не помислил на тоа.

-Се зависи од човекот. Некој тоа побрзо го пребродува, некој ќе земе боледување, а некој ќе ја напушти работата. Еден колега имаше газење во Параќин и потоа никогаш повеќе не возеше. Ја напушти Железницата. Се зависи од човекот. Кој ќе одлучи ова да го рабори мора да смета дека тие сцени се сигурно составен дел од работата, вели тој и додава дека машиновозачите еднаш годишно имаат систематски преглед и разговор со психијатар.

Да не биде дека само трагични настани ја одбележаа мојата кариера, морам да кажам дека спасив и три животи, ја завршува Ранчиќ својата приказна.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1