Истанбул, градот во кој вриеше како во кошница од туристи, по државниот удар кој се случи минатиот петок во Турција денес е празен град во кој на улиците има три вида полиција- обична, потоа „средна“ и специјалци со панцирни елеци и автоматски пушки, пишува во репортажата која ја објави „Јутарњи лист“.
Во средата, претседателот Реџеп Таип Ердоган, воведе тримесечна вонредна состојба како последица од неуспешниот воен удар.
Луѓето кои живеат во околината на Сината џамија и Аја Софија за весникот коментираат:
– Не е добро, нема луѓе, нема туристи по улиците. Но, затоа има полицајци и тоа многу – велат жителите на Истанбул кои се научени на врева.
Од друга страна пак оние малку туристи кои дошле во единствениот град на светот кој се протега на два континетни уживаат во привилегиите – билетите за јавениот превоз, метрото и трамвајот се бесплатни и така ќе биде уште неколку дена. Ердоган нуди и бесплатна храна и мобилни телефони.