Завршија преговорите во проширен формат меѓу претседателот на САД Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун. Средбата траеше околу час и половина.
Во составот на американската делегација беа државниот секретар Мајк Помпео, советникот на Трамп за прашањата на националната безбедност Џон Болтон, шефот на канцеларијата на Белата куќа Џон Кели и Прес-секретарот на Претседателот – Сара Сандерс.
Од севернокорејска страна присуствуваа заменикот-претседател на владејачката Корејската работничка партија Ким Јон-чол, министерот за надворешни работи И Јон-хеј, министерот на народните вооружени сили Но Гуан-чхол и помалата сестра на севернокорејскиот лидер Ким Јо-чен.
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун денеска, на почетокот на средбата во проширен формат изјави дека е заинтересиран да соработува блиско со претседателот на САД Доналд Трамп, објави весникот „Стрејт тајмс“. Ким признал дека „тоа нема да е лесно“, но изразил желба да се постигне таа цел.
– Ги надминавме сите видови скептицизам и спекулации по однос на таа средба на врвот и мислам дека тоа е добро за светот, изјавил севернокорејскиот лидер, според весникот.
Ким Јо-чен помалата сестра на Ким не присуствуваше на разговорите во хотелот Капела на островот Сентоса во Сингапур, јави ТАСС
Претходно, Трамп и Ким имаа тет-а-тет средба. Трамп ја оквалификува средбата како „многу, многу добра“. Тој наведе дека ќе има „одлични односи“ со севернокорејскиот лидер.
– Ќе решиме голем проблем,голема дилема, изјави Трамп, пренесоа американски медиуми. Средбата траела 48 минути.
Средбата се фокусирана на прекинување на севернокорејската нуклеарна програма во замена за укинување санкции врз Пјонгјанг.