Историски настан за човештвото: Лендерот Philae слета на комета (Видео)


Европската вселенска агенција(ЕСА) во среда го потврди успешното спуштање на сонда на комета, настан што се случува за првпат во историјата на човештвото.

Агенцијата потврди дека добила сигнал од 100 килограми тешката сонда Philae, која се спушти на замрзнатата површина на кометата именувана 67П/Чурјумов-Герасименко.Philae_touchdown.0-685x320

„Дефинитивно може да потврдиме дека лендерот е на површината“, рече директорот на летот Андреа Акомазо.

Додека траат понатамошните проверки за да се утврди состојбата на лендерот, фактот дека е спуштена на површината на комета е само по себе огромен успех. Тоа го означи најголемиот дострел на една деценија долгата мисија на леталото Розета, да се научи повеќе за потеклото на овие небесни тела.

Патешествието започна пред една декада. Розета, која беше лансирана во 2004 година, мораше да заврти трипати околу Земјата и еднаш околу Марс за да постигне доволна брзина за да и се доближи на кометата, што беше достигнато во август. Розета и кометата патуваа во тандем од тогаш со брзина од 66,000 километри на час.

„Мисијата, исто така, треба да им даде можност на научниците да ја тестираат теоријата дека кометите донеле органски материи и вода на Земјата пред илјадници години“, рече Клим Чурјумов, еден од двајцата астрономи што ја открија кометата во 1969 година.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1