Истрагата потврди – водителот Џими Севил 60 години злоставувал деца


Поранешниот британски водител Џими Севил злоставувал стотици деца во текот на шест децении, извршил 126 напади, вклучувајќи 34 силувања, а неговата најмлада жртва имала само осум години, се наведува во денеска објавениот извештај на полицијата.

SEVILНекогаш најголемата ѕвезда на Би-Би-Си злоставувал главно жени, кои во над 70 отсто од случаите биле малолетни, и тоа во просториите на британската медиумска куќа и во болниците во кои се занимавал со хуманитарна работа.
Севил првиот напад го извршил во 1955 година во северниот англиски град Манчестер, а последниот во 2009 година, се наведува во извештајот, што е резултат на тримесечната истрага на британската полиција.

– Сега е јасно дека Севил од сите се криел и го користел својот статус на славна личност и хуманитарна работа за да има неконтролиран пристап на загрозените лица во текот на шест децении, се наведува во извештајот.
Севил, кој почина во 2011 година, беше исклучително популарен во 70-те и 80-те години како водител на музичката емисија „Топ оф д попс“ и детската програма „Џими ќе го поправи тоа“, а поради хуманитарната работа кралицата Елизабета Втора го прогласи за витез.
Случајот на Џими Севил предизвика голема криза во угледната британска медиумска куќа и доведе до оставка на нејзиниот генерален директор.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1