Приведени полицајци од Кратово и Куманово – учествувале во „незаконит лов“


СВР Куманово изврши претреси во 12 домови и во Ловното друштво „Буковац“, при што се запленети и одземени 24 ловни пушки, 3 пиштоли, поголема количина на муниција, маскирни униформи, едно возило со кое е извршен транспортот на отстреланите диви свињи, како и месо од разновиден дивеч, со сомнение дека се работи за диви свињи, див зајак и срна која што со закон е забранета за лов.

hunting - lovКумановската полиција по добиени оперативни сознанија дека во среднината на минатиот месец кај месноста викана „Мати Камен“ или „Вучји Колиби“, во атарот на село Сакулица, кратовско, е извршено масовно сотирање на дивеч, изврши проверки при што е потврдено дека Ловното друштво „Буковац“ од Кратово за 16.12.2012 година издало дневни дозволи на две групи од по 10 ловџии.

По завршување на ловот истите пријавиле дека отстрелале само една дива свиња, како што е предвидено според законските прописи, меѓутоа според доказите со кои располага СВР Куманово, се работи за отстрел на осум диви свињи.

Во овие криминални дејствија, соопшти денеска МВР, се инволвирани и полициски службеници од Полициските станици во Кратово и во Куманово, кај кои исто така е извршен претрес и се приведени како и сите останати сторители, за што е запознаен и Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР.

СВР Куманово работи на целосно расчистување и документирање на настанот, по што ќе биде изготвена кривична пријава за „незаконит лов“, а сторителите ќе бидат предадени во Основно јавно обвинителство Куманово.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1