Истрагата за „Рекет“ завршена – Боки 13 и Јанева остануваат во Шутка, Кичеец оди во домашен притвор


Аферата „Рекет“ е круцијален тест за системот на правната држава и треба да се реши темелно до крај не заради Европа, туку пред се, заради нас самите. Не смееме да ги толерираме евентуалните странични влијанија без разлика од која страна доаѓаат. Оваa порака вчера ја испрати претседателот Стево Пендаровски на третата пленарна сесија на Националната конвенција за Европската унија во Република Северна Македонија, што се одржа во републичкото Собрание.

Јавниот обвинител Љубомир Јовески вчера изјави дека постапката за расветлување на аферата наречена „Рекет“ оди сеопфатно, без странични влијанија со обезбедување релевантни докази против инволвираните во кривично-правните дејствија.

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, која е третоосомничена во случајот „Рекет“, вчера со полициско возило и придружба од КПУ Затвор – Скопје, каде издржува мерка притвор, беше донесена во Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција. Јанева го искористи правото да изврши увид во доказите за случајот „Рекет“, кој траеше повеќе од три часа. Потоа со полициско возило и придружба беше вратена во затворот. Нејзините адвокати Ирена Фрчкоска и Дељо Кадиев продолжија со увидот во доказите за случајот.

Кадиев по излегување од Обвинителството изјави дека го почнале увидот во доказите и најави дека ќе продолжат и денеска, а најверојатно и в понеделник.

Второосомничениот Зоран Милевски-Кичеец со „амин” на ОЈО ќе биде пуштен во домашен притвор.

Надлежниот обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Рускоска, на почетокот на неделата, по севкупната анализа на прибраните материјални и вербални докази информираше дека е завршена истражната постапка за „Рекет“ и дека тече рокот од 15 дена за увид во доказите за првоосомничените лица и правото на одбраната да предлага докази во корист на осомничените.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1