Истражувањe: Комбинација на АстраЗенека и Фајзер произведува најдобaр одговор на Т- клетките


Доза на вакцината „АстраЗенека“, надополнета со втора доза на „Фајзер“, ги произведува најдобрите одговори на Т-клетките, како и подобар одговор на антителата, покажа најновото истражување на Универзитетот Оксфорд.

Примањето мешани вакцини, кога вакцината „Фајзер“ против Ковид-19 се дава четири недели по имунизацијата со „АстраЗенека“ ќе произведе подобар имунолошки одговор од втората доза на вакцината „АстраЗенека“, покажа истражувањето на Оксфорд, објавено вчера.

Истражувањето, наречено Com-COV, спореди мешана употреба на две дози вакцини „Фајзер“ и „AстраЗенека“ и откри дека тие произведуваат високи концентрации на антитела против спиралниот коронавирусен протеин во која било комбинација, пренесуваат британските медиуми.

Овие податоци ја поддржаа одлуката на некои европски земји да почнат да нудат алтернативи на „AстраЗенека“ за втората доза, откако беше откриено дека е поврзана со појава на ретки тромбози.

-Секако е охрабрувачки тоа што овие одговори на антителата и Т-клетките изгледаат добро при мешаното давање на вакцините, но треба да се користи начин што делива докажано, освен доколку не постои доволно добра причина за спротивното, изјави професорот на Оксфорд Метју Снајп, кој стои зад истражувањето.

Најголем одговор на антителата е забележан кај луѓе кои примиле две дози вакцина „Фајзер“, што дало подобри резултати отколку по приемот на две дози на вакцината „АстраЗенека“.

-Доза на вакцината „ AстраЗенека“ проследена со „Фајзер“ ги произведе најдобрите одговори на Т-клетките, а, исто така, и подобар одговор на антителата отколку во случајот на „Фајзер“ проследен со „АстраЗенека“, изјави Снајп.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1