Истражувачите откриваат: Еве како да станете милионер


Познатите истражувачи Томас Стенли и Вилијам Данко проучувале стотина милионери за да откријат што е потребно за да се „направат“ пари.

novac - morguefile_1392464946_670x0Стенли и Данко своето истражување го објавиле во книгата „Милионер од соседството“, во која можете да ги дознаете сите детали за тоа како на најлесен и најсигурен начин да дојдете до богатство и кои се карактеристиките кои ги поврзуваат сите милионери.

Живеат под своите можности

Првата заедничка карактеристика на богаташите е штедливоста. Тие живеат под своите можности, поточно трошат помалку отколку што заработуваат. Половина од милионерите воопшто не живеат во луксузни куќи, туку во сосема просечни. Останатите,  кои живеат во навистина големи домови, таму се преселиле дури кога направиле навистина сериозни пари. Заедничко им е што велат дека попрво би ги сочувале парите отколку да ги потрошат на луксуз.

Не ги трошат парите

Можеби ова делува необично, но ретко можете да видите некој богаташ да носи костум од 5.000 долари, да има луксузна јахта или скапоцени автомобили. Всушност, повеќето купуваат на распродажба и се ценкаат за ситници. И покрај тоа што имаат милиони на сметка.

Работат за себе

Најголема шанса да се збогатите имате ако работите за себе, поточно да имате својата фирма. Исто така, важно е да ја сакате својата работа и навистина да бидете посветени на неа.

Внимателно планираат

Повеќето милионери внимателно ги планираат своите расходи и инвестиции. Честопати бараат совет од пријатели, колеги, вработените, експерти за одредени области.

Не се најдобри

Стенли и Данко велат дека е интересно тоа што успешните претприемачи по правило не биле најдобри во училиштето и на факултет. Некои дури и го прекинале образованието за да започнат бизнис.

Самите себе се „создале“

Повеќето милионери немаа наследено семејни пари, туку самите ги направиле. Исто така, тие сметаат дека не би требало на своите деца да го остават целото богатство, туку е доволно да им овозможат образование за да можат самите да се изборат за своите успеси.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1