Истражување: Следните неколку години ќе бидат исклучително топли


Следните неколку години би можеле да бидат исклучително топли, покажуваат резултатите од најновото истражување спроведено врз основа на математички модел.

Истражувачите развија математички модел кој предвидува колку просечната глобална температура на површинскиот воздух ќе варира во текот на следните неколку години, а резултатите покажуваат дека од 2018 до 2022 година може да доживееме пораст на екстремните горештини, јави Би-Би-Си.

Затоплувањето предизвикано од ослободувањето гасови, како што е јаглерод диоксид, не се зголемува со целосно стабилна брзина.

На почетокот на 21 век, научниците истакнаа дека постои пауза во затоплувањето, но неколку анализи покажаа дека по 2010 година следеа пет најтопли години. Тоа варирање од година во година не влијае на долготрајниот тренд на зголемување на температурите.

Новиот метод за предвидување глобални температури, укажува дека следните години ќе бидат потопли од очекуваното.

Наместо вообичаената техника за симулирање клима, Флоријан Севелек од Националниот центар за научни истражувања во Брест и Сибрен Драјфут од Универзитетот во Саутемптон, осмислила статистички метод за пребарување низ симулациите на климатските услови во 20 и 21 век и барале ситуации слични на денешните. Потоа тимот ги користел тие климатски аналогии за да ги предвиди идните можности.

Конкретно, високи температури во следните неколку години ќе има поради малата веројатност за настапување исклучително студени периоди.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1