Исцелител убил човек за да докаже дека може да го врати во живот – арно ама не успеал


„Чудотворец“ земал еден доброволец му ги врзал рацете и нозете, па потоа го заклал. Кога видел дека неговите “магични зборови“ не беа доволни за да го оживее човекот, тој се обидел да избега.

Еден човек, член на мистериозно движење во Исламот, со својата желба да ја покаже неговата чудотворна моќ, убил еден гледач од за да на публиката му докаже дека може да го врати меѓу живите. Меѓутоа, несреќата е во тоа што успеа да ја направи само првата работа.ubil

Овој човек „свет муслиман“ беше познат по неговите наводи „чуда“ кој што ги правел и луѓето веруваа во неговата поврзаност со Господ. Тој тврдел дека има моќ да воскресне мртов човек а за жртвата постави услов, да биде оженет и да има деца.

„Чудотворецот“ Мухамед Сабир го доби своето „жртвено јагне“, Мухамед Нијаза, работник и татко на шест деца. Тој го седнал на стол, му ги врзал рацете и нозете и му го отсекол вратот.

Овој немил настан се случил во Пакиста, а сведоците за ова бизарно „чудо“ велат дека „чудотворецот“ ги кажал „магичните зборови“ кои требало да ја вратат жртвата во живот, но меѓутоа, кога овој видел дека неговите „магични зборови“ не делуваат, се обиде да избега.

Локалните селани успеаа да го фатат лажниот „чудотворец“ и да го предадат на полицијата.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1