Исус Христос немал брада и долга коса? (Видео)


Археолозите во Шпанија тврдат дека пронашле една од најраните слики на Исус Христос, на која тој нема ни брада.

Фигурата на наводниот Божји син е гравирана на стаклен тањир кој датира од 4-от век. Исус кој го држи крстот е во придружба на двајца апостоли, за кои се верува дека се Петар и Павле, а сите се урамени меѓу две палми.

isus-620x350

Меѓутоа, сцената е невообичаена бидејќи Исус изгледа значително поинаку од што зборуваат останатите записи – нема брада, има витканата кратка коса и носи тога.

Сите три личности на тањирот имаат изгравиран ореол околу главата. Се верува дека тањирот е користен како послужавник за еухаристички леб кој бил осветуван при најраните христијански ритуали.

Тањирот е со радиус од 22 сантиметри, а неговите делови ги ископаа научниците кои работат на проектот “FORVM MMX”, во внатрешноста на религиска зграда во древниот андалузиски град Кастуло на југот на Шпанија.

Марчело Кастро, водачот на проектот, изјави дека зградата била изградена во втората половина на 4-от век и напуштена еден век подоцна.

Деловите од тањирот се одлично зачувани, а научниците составиле заедно 81% од оригиналните делчиња.

зазабава.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1