Исус им се појавил на Божиќ


Во вторникот, на Божиќ по Греоријанскиот календар, Исус наводно се обратил на едно семејство од Меѓугорје.

Medjugorje-500x375

Ова е прв пат да е јавено дека Исус се обратил на некој во ова мистично, прочуено место во БиХ.
„Госпоѓа дојде со бебето Исус во рацете и не рече ништо, но малиот Исус проговори и рече „Јас сум вашиот мир, живејте ги моите заповеди“, Тие се прекрстија и не благословија“, изјавила Марија Павловиќ Лунети.
Досега постојат бројни случаи каде што се појавила Богородица, нешто по кое е познато ова место, но ова е прв пат да се појави Исус.
Во овој случај тоа била пророчницата Марија Павловиќ Лунети, но нејзината изјава се уште не е коментирана од страна на официјалната црква во Мостар, ниту пак од службените лица на Меѓугорје.

Друг пророк, Јаков Чоло, тврди дека на Божиќ му се претскажала визија, но вели дека тогаш му се појавил самиот господ.
Токму Чоло бил меѓу оние кои далечната 1981 година изјавил дека ја забележал Девица Марија, по што ова место и стана познато низ целиот свет. Местото повторно го сврте вниманието кон себе, откако и Ватикан ја разгледува можноста да ја признае автентичноста на визии на Богородица.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1