Италија: Полицијата разбила албанска нарко мрежа


 

Италијанската полиција разбила голема меѓународна мрежа на нарко дилери и уапсила 94 лица, пренесуваат денеска италијанските медиуми.
Полицијата од Фиренца и Пиза, успеале да ја растурат оваа мрежа на дилери, кои делувале ширум Италија, по двеипол годишна истрага.
Во средиштето на организацијата се наоѓала бандата на албански нарко дилери која, како што покажала истрагата, дрогата ја увезувала преку Грција од плантажите во Авганистан и Тајланд.
Им помагале бандите на италијанските и дилери од Тунис, кои дрогата ја растурале по Италија. Истрагата започнала во април 2010 година, по откривањето на товарот од 15 килограми хероин во вредност од околу 30,000 евра кога биле уапсени неколку Албанци.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1