Италија во финале – германците ги пакуваат куферите/ Видео


Репрезентацијата на Италија е вториот финалист на Европското првенство во Полска и Украина откако вечерва во епското полуфинале ја победи Германија со 2-1 и со тоа обезбеди финале против Шпанија в недела во Киев.

Познатиот англискиот фудбалер, напаѓач Гари Линкер еднаш рече: “Фудбалот е едноставна игра – 22 играчи ја шутираат топката 90 минути и на крајот секогаш  Германците победуваат.”
Сепак, Германците сега имаат кошмар. Неверојатнен е фактот дека Германија никогаш не ја победила Италија во големите фудбалски натпревари, а се сретнале седум пати. Така беше и сега – 8 пат.
Oвој пат италијаните победија со 2-1.
Марио Балотели со два потега го матираше германскиот „елф“ во првиот дел, погодувајќи во 20 и 36 минута, прво со глава по асистенција на Антонио Касано кој по десната страна го излуде Хумелс и со лева нога упати центаршут право на главата на италијанскиот репрезентативец кој го надскокна Бандштубер и ја заби топката зад грб на Мануел Нојер. И вториот пат со перфектен гол од 16 метри на додавање на Монтоливо од 30 метри Балотели феноменално изреагира. Ја прими топката, не беше во офсајд и само продолжи кон голот. Кога стаса на 18 метри ,,распали,,

Балотели во транс го соблече дресот и го фрли на тревата, доби жолт картон за тоа.

Во продолжение Германија играше на се или ништо. Влегоа Ројс и Клозе кој малку го размрдаа тимот. “Панцерите,, имаа две добри шанси преко Лам, кој од казнениот простор шутираше преку голот. Ројс пак од слободен удар преку пречката топката се одби во корнер.

Таквата игра беше меч со две острици бидејќи италијаните имаа неколку шанси од противнапад да го дотолчат противникот но или се сплеткуваа на крајот или подзастануваа како да се несигурни.

Германците имаа тронка надеж кога на две минути пред крајот на таканареченото дополнително време. Топката во италијанскиот шеснаестерец го допре за рака Берзали, судијата покажа на белата точка. Буфон го прочита Озила но шутот беше висок и остар – незапирлив.

Tags: , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1