Видео: Косовската полиција во судир со србите – ги фрла српските знамиња


Србите кој се упатија на Видовден на Газиместан брутално претресувани од косовските специјалци – со овој наслов на youtube се објавени аматерски видеа од денешните инциденти. На видеата се гледа како косовските специјалци сосила ги одземаат српските знамиња и ги фрлаат на куп. се забележува и физичка пресметка меѓу групата срби кој се спротиставиле на таквиот третман на полицијата.

[youtube]http://youtu.be/r-J5bpwKpAs[/youtube]

Во неколку инциденти денеска во Косово се повредени најмалку 50 лица од кои 16 деца. во првиот инцидент најмалку 20 лица се повредени кога група на Срби се судриле со припадници на косовската полиција на преминот Мердаре на границата меѓу Србија и Косово. Утрината е пукано и во Бујановац.

Група од 54 Срби во два автобуси изутринава се упатиле на одбележување на празникот Видовден на Газиместан. Косовската полиција ја запрела групата во Вучитрн и побарала од нив да се вратат назад во Србија преку преминот Мердаре, каде и дошло до судирите. косовската полиција користела солзавец, гумени куршуми, но и боева муниција. Според извори во Здарвствениот дом во Куршимлија, еден од повредените има „тешки рани опасни по животот“ и е пренесен во Клиничкиот центар во Ниш. 20 повредени лица, кои имале „рани од огнено оружје“.

Едно лице рането со огнено оружје во пределот на ’рбетот е префрлено во болницата во Ниш, каде ќе му биде извршена комплицирана операција.

16 деца се повредени кога автобусите со кои се превезувале биле нападнати од група млади косовци кој фрлиле молотови коктели во автобусот. децата се на возраст од 8 до 16 години. две се со потешки повреди

Tags: , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1