Италија во шок: Отворена истрага за случајот Астори за убиство од небрежност


Италијанскиот канал „РАИ Спорт“ јави дека е отворена истрага поради сомнение за убиство на капитенот на Фиорентина.

„Отворивме истрага против непознат сторител под сомнение за убиство од небрежност на Давиде Астори“, рече јавниот обвинител од Удине Антонио Де Николо на конференцијата за медиуми, јавува „РАИ Спорт“.

Давиде Астори (31) е пронајден мртов во хотелска соба во Удине пред натпреварот против Удинезе. Безживотното тело го пронајде масерот околу 9 часот утрото.

„Чудно е на еден професионалец да му се случи таква смрт. Немаше никакви индиции дека има проблеми со срцето“, рече јавниот обвинител од Удине кој ги испита сите кои имале контакт со Астори.

Играчот не се разбудил во хотелот „Ла ди Морет“ каде екипата на Фиорентина отседнала пред гостувањето кај Удинезе, а клубот набрзо ја потврди веста за ненадејната смрт на еден од најдобрите фудбалери.

„Фиорентина е длабоко потресена и принудена да објави дека капитенот Давиде Астори почина“, стои во соопштението.

Фудбалскиот клуб Фиорентина соопшти дека капитенот Астори починал во сон, но причината за смртта се уште не е позната.

Централниот бек на 7. јануари наполни 31 година, а за италијанската репрезентација впиша 14 настапа, со еден погодок.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1