Италијански актер се обеси на сцената во несреќен случај


Италијанскиот тетатарски актер Рафаел Шумахер е прогласен за „клинички мртов“, откако лекарите не успеале да го спасат од комата во која западнал по несреќното „бесење“ на сцената во текот на една театарска претстава.

Трагичниот инцидент се случил за време на еден интерактивен сценски настап во Пиза во театарот „Лукс“ во моментот додека Шумахер самиот ја ставал јамката околу вратот, рецитирајќи монолог во претставата „Мираж“.akter italija

Лекарите кои го прегледале несреќниот актер, веднаш откако бил префрлен во локалната болница, забележале дека уште на сцената тој се здобил со непоправливо оштетување на мозокот, откако останал без кислород.

Сите нивни обиди да му го спасат животот не дале успех, па откако екипа медицински експерти утврдиле дека неговиот мозок не функционира го прогласиле за клинички мртов.

Полицијата отвори истрага околу тоа како дошло до несреќата и дали некој е одговорен за смртта на Шумахер.

Неговите родители и колегите ја отфрлаат можноста дека станува збор за самоубиство.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1