Итно му пресадиле прсти од ногата на рака – цел живот плаќал здраствено, а фондот не сака да му плати


Златко Лазаревски од Скопје за Телеграф ја раскажува својата приказна откако на работното место, експлозија на гума му разнела половина од дланката и му ја скршила подлактницата.

Лазаревски го пишувал писмото од болница во Истанбул, каде што му била извршена трансплантација на прст од ногата на раката со соединување на тетиви и крвни садови и сето останато.

Zlatko-LazarevskiДокторите во Македонија направија сè што можеа и по седум хируршки интервенции мојата рака имаше некоја форма, која ми даваше надеж дека би можело уште нешто да се направи и да ја подобрам моторната функција – се присеќава тој.

Барајќи нови можности за себе, Лазаревски нашол болници и доктори во странство кои би можеле да му пресадат палец од нога на рака и со тоа повторно да може да функционира нормално.

Операцијата била тешка и траела 12 часа.Работодавецот му ги покрил трошоците за преглед, снимки, три повратни авионски билети, хотелско сместување, негово и на неговиот доктор од Македонија, неговите авионски билети, протезата, болничкиот престој и други трошоци. Лазаревски смета дека дел од овие трошоци требало да ги покрие Фондот за здравство бидејќи е осигуреник и има право на тоа бидејќи секој месец добар дел од платата оди на сметка на Фондот.

Но тој се соочил со повеќе бирократски лавиринти. Првично, и Првостепената и Второстепената комисија одлучиле половина од средствата да ги покрие Фондот, но потоа ја промениле одлуката.

Од Фондот за здравствено осигурување на Македонија за Телеграф велат дека ако тие му ги надоместат трошоците на Лазаревски, кому веќе му е платена операцијата од страна на работодавецот, тој неосновано би се збогатил.

Лазаревски, од друга страна, вели дека ако Фондот сепак реши да го рефундира, тој парите ќе ги пренасочи кон лекување на другите три прста за кои му претстојат операции. Спорот сега продолжува пред Управниот суд.

Целата сторија на – Телеграф.мк

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1