Иванов: Денеска Македонија е најголемиот победник


Имавме фер и демократски избори, онакви какви што и’ доликуваат на Македонија, граѓаните имаа избор да одберат кој ќе продолжи на нивната иднина и го избраа нашиот концепт на перманентни реформи, порача претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорге Иванов по соопштувањето на резултатите од првиот изборен круг на претседателските избори.

gjorgje ivanov„Мотото на кампањата беше дека државата е пред се, таа не е апстрактен поим, тоа се нејзините граѓани, ќе стојам зад тоа до крај, ќе работам силно и посветено за нивниот просперитетот и ќе ги почитувам, на тој начин гласавте за себе. Ветувам дека ќе се борам за државата и за нејзиното достоинство, ве повикувам на вториот круг да покажеме дека Македонија е пред се, дека за иднината ќе одлучуваат нејзините граѓани, да покажеме уште еднаш дека нашите граѓани знаат да направат разлика, сите ние сме победници, а Македонија е најголемиот победник денеска”, заклучи Иванов

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1