Заев: Власта преку систематска кражба ја спречи волјата на граѓаните


Во изминатиот период бевме сведоци на масовна поддршка на опозицијата и кандидатот за претседател.

zaevВМРО-ДПМНЕ исплашена од губењето на власта преку системска кражба пред и на денот на изборите ја спречи волјата на граѓаните. Нов удар врз кревката демократија. Граѓаните ја знаат вистината, тие се тука во најтешките моменти. Да не дозволиме режимот да триумфира. Срамот од првиот круг од изборите нема да дозволиме да се повтори во вториот. Срам за режимска власт ја покажува нивната вистинска класа, изјави тој.

Заев потенцираше дека на 27 април граѓаните на Македонија ќе се кренат во одбрана на својата земја  и победа над режимот.

-Ќе имаме различни резултати, ќе бидеме помасивно присутни. Во меѓувреме и низ Македонија со граѓаните. Нема да дозволиме демократијата во Македонија да биде прегазена по којзнае кој пат. Наша обврска е да се избориме за слободни и фер избори. Волјата мора да се почитува, не смее да се фалсификува. Власта ќе го разбере тоа на 27 април. Ова не е волја на народот. Борбата за слобода и демократија продолжува, заклучи тој.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1