Груевски: Победивме во цела Македонија


Премиерот Никола Груевски се заблагодари за поддршката за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори, Ѓорѓе Иванов.

ivanov gruevski

– Од резултатите, денеска СДСМ го победивме во сите општини освен Арачиново, Чучер Сандево, Сарај…во сите останати општини имаме поддршка од граѓаните. Денеска победивме во Гази Баба, Велес, Охрид, Велес, Кисела Вода, Илинден, Ѓорче, Аеродром, Кратово, Крива Паланка, Ресен, Струга, Пробиштип, Демир Хисар, Кривогаштани, Демир Капија, Сопиште, Чаир, Делчево, Могила, Ранковце, Крушево, Шуто Оризари, Градско, Дебар, Јегуновце, Богданци, Маврово, Дојран, Долнени, Врапчиште, Куманово, Вевчани, Дебарца….ситакна премиерот и истакна честитики за успешните избори бидејќи изборниот ден беше мирен, без проблеми, во фер и демократска атмосфера.

– Пред нас се уште две недели. Има многу работа. Се надевам дека граѓаните кои апстинираа, па и оние кои гласаа за другите кандидати ќе добијат доволно добри аргументи да ни ја дадат поддршката на 27 април, вели Груевски.

– Македонија покажа дека има разлика и какви вредности поддржува. Тоа се труд, чесност, многу работа, одговорност и посветеност. Благодарни сме за поддршката која ни дава сила за крајната цел на 27 април, Груевски истакна благодарност до сите граѓани независно за кого од кандидатите гласале.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1