Иванов доби канцеларија во Џевахир „Скај сити“ со годишен буџет од 165.000 евра


Претседателот на заминување Ѓорге Иванов уште денеска ќе ја добие канцеларијата која ја избрал да биде негов иден работен простор.

Канцелариjата се наоѓаат во зградите на Џевахир Скај сити во општина Аеродром. Тој во канцелариата ќе може да вработи најмногу три стручни лица, а има право и на лично обезбедување, како и право на користење на службено возило и возач.

Буџетот на идната Канцеларија на Иванов, според Законот, е во висина од 8% од буџетот на претседателот на државата, кој за 2019 година изнесува 81 милион денари.

Тоа значи дека Канцеларијата на Иванов би добила на располагање над 10 милиони денари или околу 165.000 евра годишно. Државата ги покрива и материјални трошоци за потребите при остварувањето на активностите на поранешниот претседател.

Толкав буџет, освен Иванов, има и канцеларијата на поранешниот претседател Бранко Црвенковски. Вкупно двете канцеларии на поранешните претседатели ќе ја чинат државата околу 330.000 евра годишно.

Пензијата на поранешните претседатели е ограничена во висина на платата на актуелниот шеф на државата што во моментов изнесува околу 1.800 евра.

Освен Иванов и Црвенковски правата на поранешен претседател ги користи и семејството на Борис Трајковски и тоа сопругата и децата до 26 години имаат право на по 70% од пензијата.

Покриени се и трошоците на школување на децата, како и изградба на семејна куќа или купување на стан до 300 м2.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1