Последно фото на Иванови од Вила Водно: Функциите доаѓаат и проаѓаат, но човечноста останува (ФОТО)


Ѓорѓе Иванов се збогува од позицијата „претседател на државата“ и му ја отстапи на Стево Пендаровски кој победи на изборите и на својата фејсбук страна објави фотографија а под неа напиша дека функциите доаѓаат и проаѓаат, но човечноста останува.

„Со огромна чест, задоволство и одговорност ја извршував функцијата Претседател на Република Македонија во изминативе десет години.

Од се срце му благодариме на македонскиот народ и на македонските граѓани за сета укажана доверба и поддршка.

Останете во добро здравје и не заборавајте дека само сплотени, обединети и со меѓусебна почит ќе имаме просперитетна и успешна Македонија.

Функциите доаѓаат и проаѓаат, но човечноста останува!

Семејство Иванови“, се вели во поздравот.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1