Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, ја откажа средбата со еврокомесарот Јоханес Хан. Тој изјави дека неговиот став нема да се промени, а дека терминот за средбата со Хан го отстапува на преставниците на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.
Еврокомесарот претходно објави дека нема да оствари средба со преставниците на граѓанската иницијатива, а од кабинетот на претседателот велат дека би било добро Хан да слушне зошто граѓаните простестираат по улиците низ целата држава повеќе од 20 денови.
Оваа одлука на претседателот наиде на воодушевување и меѓу главните организатори во граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и меѓу сите граѓани на нашата држава.
-Ова не е човек со свиткана кичма, ова не е човек кој има „позитивен аспект“ кон платформа направена во туѓа држава чија крајна цел е крај на државата која ја имаме, знаеме и сакаме. Ѓорѓе Иванов не е таков човек. Никогаш не ни бил, пишува Богдан Илиевски во фејсбук статус и додава дека поради тоа е трн во око на некои луѓе.Граѓаните се воодушевени од одлуката на претседателот, кој својот термин го отстапува на оние кои секој ден се повеќе и повеќе простестираат на улиците низ целата држава, за зачувување на унитарсноста, суверенитетот и самостојноста на Република Македонија.