Иванов: Ја поддржувам „За заедничка Македонија“, тие не се терористичка организација


За политичкото, како и за физичкото насилство за настаните од 27 април, одговорност мора да има. Кој постапил спротивно на Уставот и законот треба соодветно да одговара. Но, одговорноста не смее да се генерализира. Мора да се почитуваат човекови права, презумцијата на невиност и да се внимава на квалификација на кривичното дело, рече претседателот Ѓорѓе Иванов во вонредното обраќање пред јавноста по денешното приведување на 36 лица поради основано сомнение за сторено кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“ во врска со настаните од 27 април во Собранието.

– Ја поддржував и ја подржувам иницијативата „За заедничка Македонија“. Учесниците во неа, граѓаните, сплотени ја демонстрираа идејата за заедништво и тие не смеат да бидат третирани како терористичка организација. Со реваншизам и со демонстрација на сила се генерира поларизација. Повикувам на разум и одговорност на надлежните институции кои мора да го почитуваат Уставот и законите. Граѓаните очекуваат решенија, а не проблеми – рече Иванов.

Претседателот порача дека нема ништо потрагично од меѓумакедонски судир.

– Секогаш кога сме биле поделени, други нè окупирале, однародувале и нè раселувале – рече Иванов.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1