Иванов ќе го свика Советот за безбедност


По враќањето од официјалната посета на Египет, претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, вечерва ќе свика седница на Советот за безбедност во проширен состав.gjorgje ivanov

На седницата на Советот за безбедност, како што дознава Макфакс, субјектите на системот за управување со кризи задолжени за превенција и справување со кризната состојба, ќе го информираат претседателот на Република Македонија и членовите на Советот за безбедност за заканата од илегална миграција која доаѓа од територија на Европска унија и Шенген зона, како и со можностите за развој на заканата и зголемување на ризиците.

Седницата на Советот за безбедност на Република Македонија, се свикува по синоќешниот инцидент на нашата јужна граница, кога неконтролиран број на мигранти од територија на Европска унија и Шенген зона се обидоа илегално да ја преминат државната граница надвор од официјалниот граничен премин и да влезат во подрачје зафатено со кризната состојба.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1