Иванов ќе присуствува на одбележувањето на Илинден во Крушево


По повод 2-ри Август – Ден на Републиката, Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, утре (2 август 2018 година, четврток) ќе присуствува на одбележувањето на државниот празник Илинден во Крушево.

Според агендата Иванов ќе положи свежо цвеќе на гробот на Никола Карев и на споменикот Слива, по што ќе присуствува на панихида во храмот „Свети Никола“

Точно на пладне претседателот ќе присуствува на свеченост во чест на Крушевската Република – Првата Република на Балканот, народен собир на Мечкин Камен, во чии рамки е предвидено полагање свежо цвеќе на споменикот на бранителите на Крушевската Република и обраќање на Иванов.

Во пресрет на чествувањето на државниот празник на Република Македонија – Илинден, претседателот Иванов вечерва – 1 август 2018 година со почеток во 20:30 часот, ќе присуствува на церемонијалното отворање на Научно културните средби „Десет дена Крушевска република” 2018.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1