Заев и Борисов заедно ќе го одбележат Илинден во Благоевград


Македонскиот премиер Зоран Заев и бугарскиот премиер Бојко Борисов утре во во Благоевград заедно ќе ја одбележат 115 – годишнината од Илинденското востание, соопшти владината прес-служба.

Двајцата премиери ќе учествуваат на церемонијата на положување венци и цвеќе на споменикот на Гоце Делчев, на плоштадот „Македонија“ во Благоевград.

Ова ќе биде втора заедничка прослава, по потпишувањето на Договорот за пријателство, соработка и соседство помеѓу Република Бугарија и Република Македонија пред една година.

На одбележувањето на годишнината, ќе присуствуваат и министерот за внатрешни работи на Република Македонија, Оливер Спасовски, како и вицепремиерот и министер за одбрана на Република Бугарија, Красимир Каракачанов.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1