Иванов му испрати вратоврска на Геро – а и сметка да види колку чини (Фото)


Кабинетот на Претседателот на Република Македонија почитувајќи го пројавениот интерес од страна на уредникот на порталот Плусинфо и на весникот Слободен Печат, Бранко Героски, за јавните набавки на Кабинетот и неговата огромна преокупираност со вратоврските, одлучи да му подари една вратоврска.

1743685_10151967226356158_1217878368_nВо прилог, на Героски му беше дадена и фактурата од фирмата „Фокабо ГТЦ“, каде може со свои очи да види дека вратоврските чинат по 550 денари и истите се наменети како протоколарен подарок за членови на делегации кои биле во посета на Р. Македонија, или делегации со кои се среќава Претседателот при посетите во странство.

Доколку на Героски не му допаѓа подарената вратоврска, Кабинетот му стои на располагање да му ја замени со друга по негов вкус.

Доколку има проблем со врзувањето, Кабинетот е подготвен да му одржи кратка обука за врзување вратоврски со еден, или со два јазли.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1