Шарпланинецот Рино ја смени Македонија за Катар. По четири месеци живот во армиската одгледувачница во Скопје, нов дом на Рино ќе биде кралската палата во Доха, а за него ќе се грижат луѓето на емирот од Катар, шеикот Хамад бин Калифа ал Тани.
Како ќе ги преживува шарпланинчето пеколните температури во Катар е енигма, иако, веројатно, доколку можеше да биде свесно кој ќе го посвои, сигурно немаше да негодува за долгиот авионски лет, пишува Утрински Весник.
Рино – од познатата раса кучиња од нашите краишта, е еден од подароците што претседателот Ѓорге Иванов му ги врачи на емирот при минатонеделната посета на Катар. Покрај тоа, Иванов подари колекција македонски производи, во која имаше македонски чаеви, природен мед со тартуфи и фотоалбум со фотографии од Македонија.
Сопругата на Иванов Маја, пак на сопругата на емирот и’ подари охридски бисери, а од неа доби катарски сувенири.
Извор – Утрински весник