Иванов: Нема да поддржам и да потпишам ваков штетен текст на договор


Шефот на државата, Ѓорѓе Иванов во обраќање до јавноста попладнево изјави дека на средбата со премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи, Никола Димитров денеска им кажал дека овој договор е штетен и единствен од ваков тип во историјата на човештвото.

„Со него се крши Уставот, законите и нема да легализирам политички дивоградби“ – рече Иванов.

Според него, текстот е поразителен. Вели дека не е достоинствено да се прифатат сите барања од Грција и ултиматуми.

Иванов вели дека со ваков договор се отвораат многу повеќе прашања, отколку што се затвораат.

„Тоа што го направи со Македонците во Грција, сега настојува да го направи со Македонците во Македонија“- рече Иванов.

Вели дека се брише историјата на македонската држава, и рече дека ЕУ и НАТО не смеат да бидат алиби за штетни последици.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1