Иванов со КОМИТСКИ шал и маица (Фото)


Претседателот Иванов денеска се сретна со членови на навивачката група „Комити“. Му се пожалија и пофалија на претседателот за се што работат и со кои проблеми се соочуваат.

Му се пожалија на претседателот Иванов од забраната да присуствуваат на денешниот фудбалскиот натпревар Пелистер–Вардар во Битола, како и од односот на медиумите кон нив.

Не пренесуваат кога има тепачки на терените, а кога имаме хуманитарни активности, крводарителски акции и изложби, не пишуваат, рекле комитите.

Му кажале на претседателот дека по протестот и бојкотот на македонската репрезантија, сега повторно се активни и повторно ја бодрат нашата репрезентација. Претседателот им рекол дека без разлика на етничка и верска припадност на навивачите, сите обединето треба да ги бодриме македонските спортисти.

Навивачката група Комити, му подари шал и маица со логото на комитите.

Фото Дененшен

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1